Атлетико и Монако се договорија: Француска ѕвезда се сели во Мадрид

На официјалниот сајт на Шпанците пишува дека Атлетико Мадрид и Монако се договориле за преселбата на Томас Лемар во шпанскиот гигант, па во следните денови ќе се договорат и преостанатите детали помеѓу двете екипи.

Французинот во моментов е посветен на својата репрезентација, со која ќе се бори на Светското првенство во Русија, кадешто се очекува многу од него и неговите сонародници.

Во минатата сезона, Лемар играше одлично, па постигна три гола и десет асистенции и му помогна на својот тим да ја заврши сезоната на втората позиција во француската Лига 1 и така да обезбеди пласман во Лигата на шампиони наредната сезона.