Арсенал денеска потпиша со двајца фудбалери: Едниот веднаш си заминува

Дани Себалјос и Вилијам Салиба се нови фудбалери на Арсенал. Шпанецот доаѓа од Реал Мадрид на едногодишна позајмица, додека Французинот потпиша долгогодишен договор со „топчиите“, но на деби ќе почека до сезоната 2020/2021. 

Салиба ќе се врати на позајмица во редовите на Сент Етијен, каде ќе игра следната сезона. Се работи за млад 18-годишен стопер, кој треба да собере уште искуство за да го облече дресто на Арсенал, кој и сега има сериозни проблеми во одбраната. Премиерлигашот плати 30 милиони евра за дефанзивецот.

За Себалјос нема многу простор во тимот на Реал Мадрид, па затоа Шпанецот се реши за заминување и тоа во редовите на Арсенал, каде ќе соработува со Унаи Емери.