Андреа Пирло ќе биде нов тренер на Јувентус (ФОТО)

Италијанската легенда Андреа Пирло ќе биде новиот тренер на италијански Јувентус, објавија предмалку медиумите, кој ќе го замени отпуштениот Маурицио Сари на тренерското столче кај „старата дама“.

Последниот „фудбалски Моцарт“, кој се врати во Јувентус како тренер на вториот тим, сепак ќе добие шанса да биде прв кормилар на недопирливиот италијански калчолигаш, иако во изминатиов период низа имиња се потенцираа како можни наследници на Сари, од Маурицио Покетино и Џанпјеро Гасперини до Симоне Инѕаги и Лучано Спалети.

Пирло е поранешен фудбалер на Интер, Милан, Јувентус, кој остави силен белег кај „старата дама“, па сега после завршување на фудбалската кариера, седнува на жешкото столче на својот старт од тренерска и тоа како шеф на Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди.

BREAKING: Andrea Pirlo will be announced as the new head coach of Juventus ⚪️⚫️

Posted by Goal on Saturday, August 8, 2020