Алиоски и другарите го кренаа трофејот, навивачите излегоа на улицa да слават! (ВИДЕО)

Лидс славеше со 4-0 против Чарлтон во последното коло од Чемпионшип-лигата, по што Езгјан Алиоски и другарите почнаа да ја слават титулата, како и пласманот во Премиерлигата.

Во Велика Британија владее хаос поради коронавирусот, но тоа не ги спречи навивачите на Лидс да излезат на улиците и да го слават големиот успех на клубот.