Ако Наинголан дојде во Интер ќе бара многу чуден број на дресот!

Раџа Наинголан е еден од приоритетите на Интер во летниот преоден рок, а и фудбалерот сака да дојде и да се обедини со Лучано Спалети. Сепак, Белгиецот ќе има посебно барање.


Ако дојде во Интер, Наинголан сака да ја задржи својата омилена бројка, четворката, која ја носи на грбот во Рома и во дел од репрезентативната кариера со Белгија. Сепак, во Интер тоа може да биде проблем. Четворката е света меѓу „нераѕурите“ затоа што ја носеше „вечниот“ капитен Хавиер Занети и повлечена е од употреба.

Наинголан и за тоа нашол решение, кое, всушност, нема да биде прво вакво во историјата на Интер – ќе носел дрес со 2+2. Ова се случи пред две децении, кога Роналдо дојде во Интер, па Иван Заморано мораше да се откаже од деветката и носеше 1+8.

За да дојде Наинголан, Интер треба да ѝ плати на Рома 40 милиони евра. Ќе треба да најде начин како да не го прекрши финансискиот ферплеј на УЕФА, но изгледа дека договорот ќе се оствари.