Жестоко во Г. Речица: Дел од гледачите си удрија ќотек на мечот Гостивар – Воска (ВИДЕО)

Дербито во Втората лига помеѓу амбициозните Гостивар и Воска Спорт, кои имаат цел да влезат во Првата лига, денеска во Г. Речица донесе многу тензија, па на импровизираната трибина падна и ќотек помеѓу дел од гледачите.

Кратка, но жестока тепачка се случи помеѓу мала група на присутни, по што брзата интервенција на обезбедувањето ги смири страстите, за да не излезе сѐ од контрола и пресметката да биде уште покрвава.