Втор пораз на Силекс во Анталија: Колос на екс-вардарецот Новак со пресврт до победа!

Украински Колос, чиј член е поранешниот вардаров стопер Евгениј Новак го победи денеска Силекс со 2-1 во втората контролка на кратовци на зимските подготовки во Анталија, па бившиот македонски првак го запиша вториот пораз.

Кратовци, кои загубија во првиот тест од српски Нови Пазар со 0-1 пред неколку дена, сега вторпат запишаа „нула“ и тоа со пораз со пресврт, откако први поведоа во мечот три минути во вториот дел со голот на Бурхан Мустафов.

Но, Украинците успеаа да го свртат резултатот во своја корист во послената четвртина од мечот, кога Лисенко во 64-та прво израмнил, а Милјако во 82-та дал втор гол за триумф.