Васоски: Судиите во Македонија или не знаат да судат или се - корумпирани до коска!

Вардаровиот кормилар Александар Васоски, кој вчера ги запраша сите во судиската организација што треба да направи Вардар за да му се досуди пенал, бесен на замижувањето на Марјан Гоцевски на дербито со Шкендија (два чисти пенали и офсајд за Шкендија) и денеска не може да се смири после урнебес арбитражата на судиите и во продолжение од ова девето коло во Првата лига.

Вардар вчера загуби со 1-5 од Шкендија, а како и во минатите кола, така и после ова коло доста реакции ќе има на судењето на арбитрите, а Васоски очигледно не може да се помири од фактот дека црвено-црните вчера беа драстично оштетени, иако на почеток најави дека не сака да бара алиби за тешкиот пораз од големиот ривал за што им се извини на навивчите.

Васоски денеска го поткачи првиот човек на судиската организација Емил Божиновски, па порача дека сидиите во Првата лига или не знаат да судат или се корумпирани, барајќи итно да се преземе нешто.

„Го повикувам господинот Емил Божиновски со време да ја спречи оваа циркузијада. Полошо судење немало во Прва лига од постоење, а ниту ќе има. Има две работи од кои една е вистина – или немаат поим од судење или се корумпирани до коска! Што поскоро ВАР и дебатни емисии со судиски експерти. Со име и презиме да се посочат виновниците, а до тогаш ќе бидеме сведоци на вакви лакрдии“, објави Васоски.