Вардаровите легенди на гости кај Поглаварот на МПЦ (ФОТО)
Предводени од спортскиот директор Дарко Панчев, техничкиот директор Илија Најдоски, тренерот Чедомир Јаневски, како и легендарните Методија Спасовски, Кочо Димитровски, Васил Рингов, Томче Трајановски, вардаровите легенди ја искористија можноста да се дружат и да поразговараат на фудбалски теми со поглаварот на МПЦ.
Архиепископот охридски и македонски Стефан е голем љубител на фудбалот и голем навивач на најтрофејниот македонски клуб. Поглаварот на МПЦ последен пат беше на отворањето на вардаровата Академија кај Националната Арена „Филип Втори“ пред две години, кога и беше удрен камен-темелник за втората зграда од Академијата во која требаше да има и клупски музеј, која сè уште не е почната со изградба.