Вардарецот Жуниор заврши во Украина и тоа во третиот најдобар клуб сезонава!

Еден од најдобрите вардарови фудбалери во изминатава прекината сезона, Леовигалдо Жуниор Реис Родригес, бразилскиот лев бек, кој си замина во хаотичната состојба на најтрофејниот макеоднски клуб заврши во украинска Зарја.

Жуниор според информациите на украинските медиуми потпишал тригодишен договор со Зарја и доаѓа на местото на Богдан Михаилченко, кој заминува во белгискиот гигант Андерлехт. Според најавите наското Зарја ќе го официјализира ангажманот на Бразилецот, кој во Вардар дојде минатото лето од Македонија ЃП.

Жуниор си замина од Вардар како слободен фудбалер поради финансиската криза на црвено-црните, како што тоа го направија во првиот бран буквално сите екстраталентирани деца на клубот од Никола Серафимов уште во јануари, а летово Марио Младеновски, Али Адем, Џемал Ибиши, Леонид Игњатов, инаку сите младински репрезентативци на Македонија.

Тој остави силен белег во Вардар поради своите офанзивни карактеристики, па во прекинатата сезона беше меѓу најдобрите фудбалери или со асистенции или со неколку голови и за жал Вардар од него не заработува ниту цент, како што останува со празна каса од многуте таленти кои бесплатно избегаа од клубот.

Зарја заврши како третопласирана во оваа сезона и за малку не успеа да стигне до место во квалификациите за ЛШ, па Динамо Киев за еден бод пред нив го освои вицешампионското место, убедливо зад првакот Шахтер од Донецк. Со Зарја се поврзуваше и втор вардарец, Евгениј Новак, украинскиот стопер, кој како и Жуниор и останатите си заминува од Скопје после пет години претстој во најтрофејниот макеоднски клуб.