
Вардарци за триумфот во Чегране добија 20.000 евра премија!
Фудбалерите на Вардар вчера на последниот тренинг пред денешниот старт во Втората лига штрајкуваа поради неисплатените плати, но во Чегране излегоа максимално мотивирани и ги освоија првите три бода со голот на Дарио Десниќ во 51-та минута, по што раководството експресно си го исполни ветувањето кое вчера им го дале на играчите дека по мечот ќе добијат премија.
Сега бурата која неочекувано избувна во најтрофејниот клуб треба да се смири, а играчите може комплетно да се насочат кон следните предизвици и првиот домашен меч против незгодниот Охрид веќе идниот викенд, клуб кој во минатата сезона се покажа како „тврд орев“ за црвено-црните.
Вардар во минатата сезона не успеа да избори експресен кам-бек во Првата лига, а сезонава е еден од главните фаворити за враќање во домашната елита, а Гостивар и Пелистер им се главни ривали за првите две места кои водат во најсилната конкуренција.