Вардар тешко оштетен во Тетово - судијата не му призна чист гол! (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар повторно е тешко оштетен во оваа сезона во прволигашката конкуренција, и пак на меч со Шкендија, откако денеска под Шара, на црвено-црните не им беше признаен чист гол по спектакуларниот шут на Филип Најдовски.

Откако во есенскиот дел Шкендија на Вардар му даде фантомски гол на Маџари, па со тој погодок го доби второто сезонско дерби и потоа се искачи до првото место и есенската круна, сега на пролетното отворање, повторно Вардар е жртва. Најдоски упати вистинска бомба, топката заврши половина метар зад гол-линијата, но судиите повторно останаа неми.

Главен судија на мечот е Димитар Мечкаровски, повторно има арбитри и зад голот, но повторно тие ништо не видоа. Дека топката со цел обем ја мина гол-линијата доказ е и моментот по шутот, од преносот, каде се гледа дека половина метар во голот е влезена топката по ударот на Најдоски.