Срамота: Управата на Вардар не дојде на промоцијата на филмот „Еден живот, една љубов“! (ФОТО)
Покрај поканетите новинари, на промоцијата се појавија и голем број поранешни легенди на црвено-црните како Ѓоре Јовановски, Вујадин Станојковиќ, Ванчо Балевски, Ѓоко Хаџиевски, Драган Мутибариќ..., но можеби највидливи беше отсуството на тие што најмногу требаше да бидат таму – актуелното раководство на Вардар. Според организаторот, управата на клубот била уредно поканета, но нема информација зошто не се појавила на собирот во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Ова е веќе втор гаф кој го следи овој документарен филм, откако целиот промотивен материјал, заедно со поканата до јавноста беше на српски јазик. Сега останува да се види дали отсуството на челниците на Вардар е случајно, или своевидна порака се (не)признавање на овој проект како официјално поврзан со македонскиот шампион.
Официјалната премиера на филмот е најавена за време на новогодишните празници на каналите на Арена спорт телевизијата.









