Тиквеш ја продлабочи кризата на Пелистер, Башкими подобар од Македонија ЃП! (ВИДЕО)

Тиквеш со 1-0 го победи Пелистер и освои три важни бодови за избегнување на местата кои водат во понизок ранг, Башкими со 2-0 беше подобар од Македонија Ѓорче Петров.

Кавадаречкиот тим ја потврди добрата форма во вториот дел од сезоната, а битолчани продолжија да редат лоши резултати. Пелистер нема победа на пет натпревари по ред.

Тиквеш беше подобар во првото полувреме, создаде повеќе шанси за погодок, имаше и статива, а поведе со гол на Стојанов во 38. минута од натпреварот.

Во второто полувреме Пелистер беше офанзивен барајќи израмнување, а Тиквеш од контра напади се обидуваше предвреме да го реши победникот на натпреварот. Немаше нов гол до последниот судиски свиреж, па домашните навивачи се израдуваа на триумф.

Важни три бода освои и Башкими кој со 2-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров. Двата погодоци беа постигнати во финишот од натпреварот.

Првпат мрежата се затресе во 75. минута кога Аворнио од пенал донесе водство за Башкими од 1-0. 

Десет минути подоцна гол даде и Мемети со што ги постави конечните 2-0 за кумановскиот тим.

Головите видете ги на овој ЛИНК.