Тешки денови за Вардар, крај на сезоната за најдобриот играч!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доби лоши вести по дополнителните медицински прегледи на најдобриот играч оваа сезона, Матеус Лемос.

Лемос се повреди на мечот против Воска, по што го напушти теренот на носилки, а прегледите покажаа дека заработил повреда на предните вкрстени лигаменти на десната нога и ќе паузира до крајот на сезоната.

Пред скопскиот гигант се тешки денови затоа што ќе мора без најдобриот фудбалер да се бори на следните дуели во обид да освои доволно бодови за опстанок во елитата.

Вардар во моментов е на 10. позиција во Првата лига со 29 бодови, додека зад него се Брегалница и Македонија Ѓорче Петров.