Силекс поразен од Нови Пазар во Анталија, Струга со реми во Албанија

Поранешниот македонски првак и претставник летоска во квалификациите за ЛШ, Силекс загуби денеска со 0-1 во првиот подготвителен меч во Анталија во овие зимски подготовки од српски Нови Пазар, додека Струга Трим Лум ремизираше вторпат на овие подготовки, сега со косовски Фероникели (1-1).

Новајлијата на српскиот прволигаш Нови Пазар, Јово Којиќ го постигна единствениот гол на мечот со кој Силекс загуби и тоа на 14 минути пред крајот на мечот, откако дотогаш двата тима играа скоро израмнет и цврст меч на подготовките во турскиот југ.

Струга и Фероникели во Драч ремизираа 1-1, што е второ реми за стружани после возбудливите 3-3 со Гњилане на првата „контролка“, а стрелец денеска во ремито беше Дејан Цветановски.

Од македонските прволигаши, денеска Работнички и Борец одиграа реми 1-1.