Шкендија го врати Алити од позајмица и му го продолжи договорот на Мерџани

Шкендија денеска објави дека го враќа дефанзивецот Арлинд Алити од позајмица, а исто така му го продолжи договорот на Зија Мерџани.

Алити беше на позајмица во Струга Трим Љум, но сега се враќа во Тетово, каде што потпиша нов двегодишен договор со Шкендија.

„Ова е посебен момент за мене, откако ја добив довербата на клубот каде што пораснав. Мислам дека позајмицата во Струга ми помогна и сега сум подготвен да ги бранам боите на Шкендија“, кажа Алити.

Мерџани, исто така, ја продолжи соработката со тетовската екипа, но на една година.

„Среќен сум што ќе останам во Шкендија и останува на мене да докажам дека заслужувам место во тимот. Минатата сезона не беш добра, но верувам дека во следната сезона ќе имаме повеќе успеси“, кажа Мерџани за сајтот на Шкендија.

Клубот од Тетово го напушти Артан Иљази, кој не доби продолжување на соработката.