Широки Бријег најдобар домаќин во Европа, Вардар во ТОП 10

Лидерот на табелата во босанскиот фудбалски шампионат Широки Бреијег е најдобар домаќин од сите тимови во Европа со седум победи од седум натпревари.

Интересно е тоа што зад Широки Бријег се наоѓаат тимови како ПСЖ, Клуб Бриж, Викторија Плзен, Порто, па дури и Барселона. Помеѓу најдобрите 10 домаќини во Европа се наоѓаат и Манчестер јунајтед, Сампдорија, ПСВ и македонскиот првак Вардар.

„Црвено-црните“ на домашен терен имаат пет победи од пет натпревари. Вардар беше домаќин на три стадиони оваа есен, но и на трите славеше победи. На „Ѓорче Петров“ падна Победа со 4-0, во Маџари на „Борис Трајковски“ Вардар ја совлада Ренова, а на „Филип Втори“ победи против Силекс, Шкупи и Шкендија.