Шилегов: Вардар не се враќа под Град Скопје, тоа е лажна вест!

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска во интервју за „Слободен печат“ ги негираше информациите дека фудбалскиот клуб Вардар се враќа „под капата“ на главниот град. 

Шилегов вели дека долгот на клуб е 3,5 милиони евра и дека сегашниот сопственик Сергеј Самсоненко покажал намера да го расчисти долгот, но дека не приложил никаква документација за да го докаже тоа. Градот Скопје не е подготвен да преземе таков приватен долг.