Реал Мадрид како и пред десет години ќе купува од Милан!

Еден од финансиски најстабилните клубови на светот, Реал Мадрид, секогаш е „загреан“ за новите ѕвезди кој ќе се појават на фудбалскиот пазар. Флорентино Перез сака да троши пари на млади потенцијални фудбалери, па „кралскиот клуб“ веднаш е заинтересиран за играчот на Милан, Лукас Пакета. 

Медиумите од Мадрид пишуваат како од Реал се воодушевени од Пакета, Бразилецот во Милан стигна од Фламенго и веднаш се покажа како одлично засилување за „росоњерите“. Перез за овој играч бил заинтересиран уште кога настапувал во Бразил, но сепак смета дека сега е моментот за негов ангажман.

Пакета многумина го споредуваат со легендарниот Кака, освојувачот на залтната топка  исто така во 2009 го напушти „Сан Сиро“ за да потпише со Реал, дали неговиот помлад сонародник ќе тргне по неговите стапки, останува да се види.