Работнички победи во Штип и се оддалечи од опасната зона!

Работнички врза две победи откако денеска со 1-0 славеше на гостувањето кај Брегалница. 

Под водство на Горан Станиќ, Работнички почна да прикажува одлични игри, на последните три меча нема пораз, две победи и едно реми.

Денеска освои три големи бода на гостувањето во Штип кај Брегалница.

Клучниот момент се случи во 59. минута кога Гандо Биала го постигна единствениот гол на мечот по една грешка на одбраната на домаќините.

Работнички сега се качи на седмото место со осум бода повеќе од Воска која е на позицијата која носи бараж за опстанок.

Утре се играат преостанатите пет меча: Гостивар - Брера, Македонија ЃП - Струга, Силекс - Шкупи, Тиквеш - Шкендија и Вардар - Воска.