Познати стадионите на кои ќе се водат битки за место во Втората лига

По ждрепката за бараж-двојките за пополнување на Втората македонска фудбалска лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди стадионите на кои ќе се играат натпреварите закажани за 28 мај.

Тетекс ќе се обиде да го одбрани второлигашкиот статус против Осогово на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, додека Башкими ќе се соочи против Влазрими на Градскиот стадион во Тетово, додека третиот бараж-меч се игра меѓу Вардар Неготино и Новаци на Градскиот стадион во Кичево.

Натпреварите се играат в недела, 28 мај од 17 часот.