Ново засилување за нападот на „лавовите“ од Канада

Лудвиг Коџо од денеска е нов фудбалер на Македонија Ѓорче Петров. Се работи за млад 20-годишен голгетер, кој доаѓа како замена за Калид Абдул Басит, кој замина во Есперанс оваа зима. 

Коџо доаѓа во Скопје од Канада, каде настапувал во универзитетската лига. Се работи за фудбалер, кој е роден во Данска, но има потекло од Того. Со „лавовите“ од Ѓорче потпиша двегодишен договор. Тој веќе една недела тренира со екипата, а денеска беше официјализирана соработката.

Во зимскиот преоден рок, поранешниот шампион на Македонија, покрај Коџо се засили и со Изет Ајрулаху, Чарстон Силва дос Сантос, Робосн да Силва, Стојан Стојчевски и Самир Фазли.