Николов пред трансфер во унгарски Видеотон!
Николов во Вардар е повеќе од три години и тој има договор со црвено-црните до крајот на сезонава, по што како слободен играч може да си замине, па сега вардарци на кантар вагаат дали да го ослободат Николов предвреме, како што беше случајот со Стефан Спировски, кој замина летоска во Ференцварош или да го задржат фудбалерот за врска во обидот да се освои „двојната круна“ во оваа сезона во Македонија.
„За Николов добиена е официјална понуда од Видеотон и желба на фудбалерот е да оди во Унгарија, затоа што сака друг предизвик. Затоа што во јуни му завршува договорот, а Николов не сака да го продолжи истиот со Вардар, ние ќе видиме дали ќе го пуштиме“, вели спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев.
Штипјанецот Николов дојде во Вардар во 2015 година, откако во Романија замина од Брегалница и ја мина школата на Георге Хаџи, а потоа три сезони од 2012 до доаѓањето во Скопје беше дел од Виторул Констанца. Тој беше еден од незаменливите алки во младата македонска репрезентација која оствари историски успех со пласманот и настапот на едно Европско првенство, а потоа очекувано стана и сениорски репрезентативец. Во 2016 година против Азербејџан дебитираше за А-тимот, а една година подоцна во Лихтенштајн го даде и првиот гол.
Низа кулоарски шпeкулации се вртат деновиве околу Вардар најмногу за макеоднските репрезентативци, кои беа дел и од младата репрезентација која во јуни лани играше на ЕП во Полска. Се споменува интерес и за Дарко Велковски, Висар Муслиу...
„За други нема никакви понуди, а за Муслиу не ни разговараме“, додава Панчев.