Капитенот замина во пензија: Чаир му се поклони на Суат Зендели (ФОТО)
Зендели кој бранеше на 150 мечеви за Шкупи, мина во два мандати со чаирчани, летово играше во Европа, беше поздравен од чаирската публика, а доби дрес и плакета од управата на клубот, во која ќе влезе да работи како функционер веќе од зимава. Зендели уште пред пола месец најави дека е во преговори да добие функција во клубот.
Тој е поранешен голман на Шкендија со која стана првак во 2011, а потоа со Ренова го освои Купот во 2012, а играше во странство за албанска Динамо Тирана и Беса, кипарска Аполонија и романски Виторул. Во Шкупи ја почна кариерата и беше дел од 1999 до 2005, а се врати пред четири години на Чаир.