И Тиквеш со победа се подготви за Прва лига и мечот со првакот Шкендија

Кавадаречки Тиквеш триумфираше на „генералката“ против Детонит со 2-0 за максимално подготвен и полн со самодоверба да го чека првиот прволигашки меч и тоа против шампионот Шкендија на домашен терен.

Кавадарчани до победата дојдоа со головите на Ивановски и Мишов, а триумфот беше добредојден за максимално да се крене самодовербата за пресметката со тетовци идниот викенд, што ќе биде нивни прв меч во домашната елита после безмалку две децении.

Денеска победа на генералката оствари и Брегалница која со 3-0 славеше против Силекс во пресрет на стартот на сезоната и мечот со еден од двата најголеми конкуренти за титулата, Шкупи.