
Грнчаров нема да го води Вардар в недела против Воска!
Ова доаѓа по оставката на спортскиот директор Александар Бајевски, кој исто така на социјалните мрежи го објави своето заминување. Грнчаров и Бајевски беа дел од клубот во ланската, најтешка година за клубот од постоењето, кога клубот на крилата на навивачите се избори за враќање во Првата Лига.
Засега, не е познато кој ќе ја води екипата в недела во Охрид против Воска, како и на наредните две кола - вонредното в среда со Силекс и наредниот викенд со Струга.