ФФМ на Генералното собрание одбележа јубилеј - 30 години од приемот во ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го одржа Редовното генерално собрание, а тоа беше во знакот на 30-годишнината од приемтот на нашиот фудбал во ФИФА и УЕФА.

На 16. јуни 1994 година во Чикаго, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправна членка на Светската фудбалска федерација (ФИФА). 

Денешното Редовно собрание на ФФМ беше во знакот на јубилејот, 30 години од приемот на Македонија во ФИФА и УЕФА, па сите делегати кои беа присутни добија дрес со бројот 30.

На собранието присуствуваа 58 од вкупно 60 делегати, тие ги усвоија следните точки на дневниот ред: завршна сметка за 2023, извештај од независен ревизор за 2023, извештај од надзорен одбор за 2023, потврдување на одлука за суспензија на ОФС Струмица, извештај од претседателот на УО на ФФМ, извештај од администрацијата за исполнување на стратешки планови, буџетот за 2024.

„Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска.

„Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал“.

„Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидувам“.

„Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел - место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите“.

„Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт“.