
Фелипе ќе игра заедно со Андреј Аршавин за плата од 30.000 евра месечно?
Оваа информација ја објави поралот „Инфоспорт“, повикувајќи се на извори блиски до Бразилецот, кој штом ја слушнал понудата за да замине во средна Азија воопшто не се двоумел и експресно ја прифатил.
Станува збор за понуда од 30.000 евра месечно, плус бонуси и премии за успеси, што е повеќе од двојно во однос на тоа што Фелипе го заработуваше во Вардар, со оглед дека во македонската фудбалска гордост имаше 15.000 евра месечна плата. Сега тој ќе има шанса да игра заедно со Аршавин, поранешниот фудбалер на Зенит и на Арсенал, кој пред две години се споменуваше дека може да дојде и во Вардар.
Заминувањето на Фелипе од Вардар предизвика голема бура, затоа што црвено-црните загубија креативен фудбалер среде сезона, но останаа и без никаков ќар од него, иако Бразилецот со скопскиот тим имаше договор до 2020 година. Фелипе е 15-от фудбалер што заминува во оваа сезона од црвено-црните.
Во следните денови треба да биде завршен трансферт на Фелипе и истиот да биде официјализиран со промоција на сајтот на Каират.