Досадни сте веќе: Орли „летаат“ на цел стадион во Тетово! (ФОТО)

Тетовска Шкендија одамна е шампион, па денешниот меч со Пелистер во финалето на сезоната е само формално крунисување на новиот македонски шампион.

И како и обично кога станува збор за клубот од Тетово, под Шара се слави со албанското знаме. „Орли“ летаат на цел стадион во Тетово, како дел од шампионската кореографија на навивачите, па останува нејасно чија земја за нецели два месеци ќе претставува Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите.