Дербито Шкендија – Вардар за Мечкаровски, ама и без дополнителни судии зад головите!?

Дербито за титула, прво сезонско во оваа сезона помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово (сабота, 15 часот) ќе го суди Димитар Мечкаровски, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во своето делегирање за последното девето коло од првиот круг.

Мечкаровски е делегиран за дуелот под Шара, кој е втора пресметка на двата црвено-црни табри во оваа сезона, откако во Скопје ремизираа 2-2 во првото осминафинале од Купот на Македонија. На главниот арбитар зачудувачки нема да му помагаат дополнителни судии зад головите, што вообичаено е пракса за мечот на колото, па така ФФМ си избра да има петмина арбитри на мечот во Ѓорче Петров помеѓу Македонија ЃП и Шкупи. На Мечкаровски ќе му помагаат само Дејан Неделковски и Гоце Петрески

Да е чудото поголемо, на последното дерби во Тетово, кое исто така го судеше Мечкаровски, се случи страшен превид откако дополнителниот судија Дарко Стојчевски не виде чист гол по ударот на Филип Најдовски, иако топката заврши најмалку еден метар зад гол-линијата. Останува нејасно сега зошто нема дополнителни судии на ваква пресметка или очигледно се бега од одговорност при евентуално спорен момент, кој главниот судија и линиските потешко би можеле да проценат.

Инаку во минатата сезона на два од четитите дербија имаше циркуси со дополнителните судија. Во Маџари прво на Шкендија ѝ беше признат регуларен гол, иако никој не беше сигурен дека топката со цел обем ја минала гол-линијата, а сето тоа се случи по сугестија на линискиот судија, кој подобро видел од дополнителниот зад голот. Во Тетово, потоа, дополнителниот не виде чист гол, па Мечкаровски тогаш го продолжи мечот откако не оби сугестија.

Колото поради репрезентативната пауза ќе се игра в сабота, а почнува задутре со мечот Работнички – Ренова на Националната Арена „Тодор Проески“ (15 часот), а ќе суди Марјан Стојановски од Кичево. Во другите три меча во сабота, во Велес, Борец против Струга Трим Лум му е доделен на Марјан Гоцевски, Академија Пандев – Силекс ќе ја суди Игор Стојчевски, а „дербито на колото“ според ФФМ, Македонија ЃП – Шкупи е за Крумислав Ѓорѓиев.