Бугарин намерно удри фудбалер на А. Пандев во победата со пенал на Марица (ВИДЕО)

Академија Пандев загуби минимално со 0-1 на денешната првата контролка во Анталија од бугарска Марица во меч, кој донесе и тензии, откако бугарскиот фудбалер Јордан Пејчинов намерно без топка удри еден од фудбалерите на струмичани, па доби црвен картон.

Мартин Газиев од пенал во 51-та минута го постави конечниот резултат, откако Федерико Акоста го фаулираше во шеснаесетникот Петар Атанасов и тој момент го реши победникот на мечот, кој сепак го одбележа глупоста на Пејчинов во 30-та минута при еден корнер.

Во гужвата, Пејчинов удри еден од фудбалерите на А. Пандев без причина, па потоа следуваше мешаница. Фудбалерот на Марица веднаш беше исклучен, но бидејќи станува збор за контролен меч, на негово место влезе друг фудбалер.

Струмичани пред заминување за Анталија одиграа реми без голови со штипска Брегалница, а на турскиот југ ги чекаат уште пресметки со казахстанските Актобе и Кизилхар, како и со украинска Зарја. По враќањето во Македонија до стартот на пролетниот дел како генералки ќе имаат пресметки со Детонит Плачковица и со градскиот ривал Беласица.