Бразилецот Густаво го засилува средниот ред на Вардар! (ВИДЕО)
Густаво е фудбалер од средниот ред, кој може да игра на сите позиции во средината и сѕтанува збор за млад, брз играч со добра техника и тој треба да биде засилување за црвено-црните за пролетниот дел од сезоната. Бразилецот ќе биде петтото засилување за вардарци зимава, откако за Вардар потпиша триото од Пелистер, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Мтеј Цветановски, како и голманот Филип Илиќ.
Марментини е роден на 8 март 1994 година, висок е 179 сантиметри и е дете на Атлетико Паранаенсе. Досега во кариерата играл за Б-тимот на овој бразилски прволигаш, како и за бразилските Луверденсе, Сампајо Кореа, ГО Аудакс, а има и интернационална кариера во индиски Делхи Динамо и во Итихад Калба во Обединетите Арапски Емирати. Тој ќе потпише едно ипол годишен договор со црвено-црните со опција истиот да се продолжи.
Бразилецот денеска на полноќ треба да дојде во Анталија и од утре да ги почне подготовките со Вардар, кој на проба има и еден Аргентинец Лукас Охеда, исто така фудбалер за врска кој допрва треба да го убеди стратегот Чедомир Јаневски дека е квалитет да го носи црвено-црниот дрес.
Претходно Вардар беше на чекор да ангажира бивш фудбалер на Васко де Гама, Јаго Силва Мореира, но трансферот пропадна, откако ова бразилско крило се пишмани и реши да не дојде во макеоднскиот шампион.