Беса на бод од историски пласман во Првата лига, ни Пелистер не е далеку од елитата

Екипата на Беса ја продолжи победничката серија во Втората македонска фудбалска лига и се најде на само еден чекор од историски пласман во највисокиот ранг во домашниот фудбал.

По триумфот на гостувањето кај Арсими со 2-0, Беса има дури 14 бода предност пред третопласираниот Детонит, на пет кола пред крајот на сезоната што значи дека веќе во следниот меч, против Пелистер на домашен терен, може да го завери пласманот во елитата. Беса постигна по еден гол во двете полувремиња за петта победа по ред и 21. во досегашниот дел од првенството.

Далеку од враќање не е ни Пелистер кој денеска го совлада Охрид со 1-0, благодарение на голот на Љамчевски во 57. минута од пенал. Битолчани сега се на 60 бода, осум повеќе од Детонит и не би требало да имаат проблем во обезбедувањето на второто место кое носи во Првата лига.

Исклучително важна победа денеска оствари тимот на Победа коој на гостувањето кај Караорман победи со 2-0 со што значително си ги зголеми шансите за опстанок во второлигашката конкуренција.

РЕЗУЛТАТИ
Арсими - Беса 0-2
Детонит - Беласица 1-0
Скопје - Тетекс 2-0
Каменица Саса - Новаци 1-3
Караорман - Победа 0-2
Кожуф - Осогово 2-0
Пелистер - Охрид 1-0
Вардар Неготино - Караорман 1-0

ТАБЕЛА: Беса 66 бода, Пелистер 60, Детонит 42, Арсими 41...