Арсовска: Не смеело да се дозволи Вардар да испадне во Втората лига!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска гостуваше во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ при што најави дека има расположение да му се помогне на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Арсовска кажа дека Град Скопје е подготвен да му помогне на тимот, кој е најголема скопска гордост и порача дека не смеело да се дозволи истиот да испадне во Втората лига.

„Вардар е најголема скопска гордост. Претходното раководство ги има пресечено сите релации со Вардар. Градот Скпоје во моментов нема никаква поврзаност со фудбалскиот клуб. Тој е во приватна сопственост, иако сметам дека тоа не е најдобро решение. Од наша страна има расположение да помогнеме, но тоа не е еднострана одлука која треба да се донесе. Не смеело да се дозволи Вардар да испадне во Втората лига“, рече Арсовска за „Канал 77“.