„Амбициозната“ Брегалница договори шест теста и од нив само една со – странски клуб!

Штипска Брегалница, која најавува големи амбиции во иднина, ќе има шест теста во овие летни подготовки и од нив, само една со странски клуб, а останатите пет со македонски тимови во следниов месец.

Штипјани од вторник до крајот на јули ќе одиграат шест меча, а последниот ќе им биде во Струмица против второлигашот Беласица, на стогодишниот роденден на струмичката гордост, што воедно ќе биде и генералка пред стартот на сезоната.

Брегалница ќе има само еден интернационален тест и тоа со српски нисколигаш, Трајал од Крушевац, додека останатите пет им се со македонски тимови. Почнуваат со тест против Победа, па со Работнички, а ќе играат уште и со Академија Пандев и Кожув, а финалната контролка им е со Беласица.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

5 јули: БРЕГАЛНИЦА - Победа Прилеп

9 јули: Работнички - БРЕГАЛНИЦА

14 јули: БРЕГАЛНИЦА - Трајал Крушевац (Србија)

23 јули: БРЕГАЛНИЦА - Академија Пандев

27 јули: Кожуф - БРЕГАЛНИЦА

31 јули: Беласица - БРЕГАЛНИЦА