
Турскиот фудбал на пауза десет дена поради катастрофата во Газиантеп и регионот
Преку 5.000 жртви има досега во регионот погоден од земјотресот, па во Турција во моментов на никој не му е до спорт, туку сите гледаат да помогнат во извлекување на настраданите од рушевините во градовите најсилно погодени од земјотресот.
Како што објави ТФФ, од 17 до 20 февруари продолжуваат фудбалските мечеви во прволигашката, второлигашката и третолигашката конкуренција, додека во периодот од 21 до 23 февруари ќе се одиграат мечевите кои требаше да се играат во понеделникот, но беа одложени поради катастрофата што го снајде Газиантеп и регионот.
Овие одлуки доаѓаат откако Турција прогласи седмодневна жалост поради природната катастрофа.