Сопругата на легендата Рушту откри со кои лекови се излекувал голманот од коронавирусот

Сопругата на турскиот легендарен голман Рушту Реџбер, Исил кој заврши на интензивна нега заразен од новиот коронавирус, откри со кои лекови бившиот голман успеал да се излекува од опасниот Ковид-19, од кој беше во сериозна животна опасност 72 часа.

Рушту заболел токму од Исил, која асимптоматски му ја пренела заразата откако се вратила во САД, а потоа објави со каков пекол се соочил нејзиниот сопруг, кој буквално имал помодрена боја на телото, не јадел, не зборувал, а – едвај дишел. Но, по кризните 72 часа ситуацијата на Рушту се подобрила, а потоа тој бил отпуштен од болница. На крај го победи коронавирусот со два негативни тестови.

„Резултатите на Рушту се негативни и фала му на Бог за тоа. Телото доби имунитет против вирусот, во него сега има антитела после лекувањето и тој пациент понатаму не е заразен. Во оваа битка најважно е секој пациент да биде под постојан лекарски надзор, а многу важно е да му се даваат и адекватни лекови. Рушти добиваше Тамифлу (лек против свински груп – н.з.) и Хидроксихлорохин како антивирални лекови, како и Азитромицин како посебен тип на антибиотик. И плус, тука е задолжителна доза од 1.000 милиграми витамин Ц“, објавила Исил.