"Сакам Шкендија да биде шампион, а Вардар да испадне од Првата лига!“
Тој посака Шкендија да биде шампион, Шкупи и Ренова да играат во Европа, додека најголема желба му е црвено-црните од Скопје да испаднат од Првата лига.
„Шкендија ќе имаше голем проблем во борбата за титула во екипата на Шкупи ако тимот останеше голгетерот Дембо. Таков расен стрелец одамна нема играно во македонското првенство и штета што си замина од Чаир. Затоа сум сигурен дека тетовци ќе бидат прваци, а сакам Шкупи и Ренова да се пласираат во европските купот. Но, најголема желба ми е да го видам Вардар како испаѓа од елитата“, изјави Адили за телевизијата Шења.
Албанецот роден во Скопје, кој некогаш го носеше македонскиот репрезентативен дрес, сега е член на екипата на Влазнија од Скадар, а во минатото играше за Шкупи во три наврати и двапати за Шкендија.