Како наш човек натера Полјаци да формираат македонско знаме на трибина! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонецот Блажен Зотовски за „Оффнет“ раскажа како навивачите на Виџев Лоѓ од Полска во негова чест креирале кореографија со македонското знаме низ целата трибина каде се сместени ултрас фановите на овој клуб.

Нашиот Блажен пред месец-два заглавил со извесни Полјаци на пиво во Варшава. Зборувале за животот, евоцирале спомени од минатото, а посебна тема на муабет биле цртаните од источниот блок во Европа. Се запиле, па во текот на ноќта ги пееле „Пора на добраноц“ и воведната песна од „Мечето ушко (Миш Ушатек)“.

Минатата недела Блажен дознал дека луѓето со кои го пиел пивото биле водачи на ултрас навивачката група на тимот Видџев од Лоѓ, полскиот град од каде што потекнува Мечето Ушко.

Бидејќи Блажен ги потсетил на легендарниот цртан, тие една недела по разговорот со него, на натпреварот против Лехиа од Гданск, направиле кореографија со македонско знаме во полска комбинација (црвено-бела боја), како и кореографија со Мечето Ушко.

Приказната раскажана од Блажен Зотовски за „Оффнет“, може да ја прочитате на овој ЛИНК.