Голман даде еврогол во романската трета лига во 94.минута (ВИДЕО)

Голманите ретко постигнуваат голови,  но кога ќе го направат тоа секогаш е нешто специјално што треба да се одбележи. 

Овој пат имаме вистински еврогол и тоа во романската трета лига. На дуелот помеѓу Пашани и Сомуз Фалтичени, гостинскиот голман постигна неверојатен гол од слободен удар од преку 40 метри и тоа во 94.минута. Тој успеа на својот тим да му донесе реми, односно израмни на 2-2 и со овој бод веројатно го спаси клубот од испаѓање во четвртата лига.

Не сите суперхерои носат наметки, некои имаат и голмански ракавици.