
Циркузи во БиХ: Најдоа селектор од Бугарија, ама – не го изгласаа!
Босанците уште пред крајот на минатиот месец најавија дека имаат проблем да најдат сериозно име, зашто никој не им се нафаќа за „мали пари“ да ја предводи репрезентацијата (платата е од 15 до 20 илјади евра месечно), но дека имаат низа кандидати и Петев бил наводно најдобриот избор, ама..
Денеска на состанокот на комисијата за избор на нов кормилар на националниот тим, не беше изгласан предлогот Петев да е селектор. Требало да се изгласа предлогот со двотретинско мнозинство, но такво нешто не се случило, па така прашањето за нов кормилар сега останува отворено.
Втор обид според најавите на медиумите од БиХ ќе има утре, па можно е до новиот состанок да има премислувања, со тоа што поради федералното уредување на земјата, еден глас најмалку ќе мора да има од Република Српска и најмалку два од ФС на БиХ (по еден од кантоналниот и од жупанискиот сојуз).
Втор кандидат за селектор е Сергеј Барбарез, поранешниот репрезентативец на БиХ, ама бидејќи нема согласност во телото за избор, медиумите шпекулираат дека можно е да се појави и трет кандидат кој би дошол на местото на доскорешниот селектор Душан Баевиќ, кој беше привремено решение после смената на Роберт Просинечки.