Алиоски: Мојот најубав гол во кариерата е – дебитантскиот за Фенербахче!

Македонскиот репрезентативец лев бек Езџјан Алиоски посочи дека деби голот за Фенербахче на неговиот прв меч за турскиот великан откако летоска го засили овој клуб е најубавиот што го дал во неговата кариера.

Алиоски даде спектакуларен гол со кој ја искина мрежата на своето деби за да го крене целиот стадион на нозе и да почнат навивачите да му го скандираат името, па не е ни чудо што брзо Фенербахче се реши да го откупи договорот и според најавите од Турција ќе плати 2,5 милиони евра за да го добие од Ал Ахли и да потпише долгорочен договор.

„Јас дадов многу голови во мојата кариера, ама тој што најмногу ми се допаѓа и веќно ќе го паметам е против Адана Демирспор. Тоа е мојот прв гол за Фенербахче и нема никогаш да го заборавам тој момент“, рече Алиоски.

Македонскиот репрезентативец дојде лестоска на едногодишен заем од Ал Ахли.