Ужас во Италија: Светска шампионка брутално излета со велосипедот од пат (ВИДЕО)

Ужасни слики се забележани во Италија каде што светската шампионка Клои Дајгерт доживеа навистина тежок пад.

Таа излета неконтролирано од патот на трката, по што веднаш интервенираа докторите, а потоа со хеликоптер е пренесена во болница во Болоња, каде што била оперирана.

Докторите соопштија дека не доживеала тешки повреди, освен што имала исеченица на левата нога.