Победи на етапа на Џиро, па бизарно се повреди од – шампањското!?

Велосипедистот од Еритреја, Биниам Гирмај стана првиот африканец кој успеал да победи на етапа од „гранд-тур“, па победи на десеттата од престижниот „Џиро Д'Италија“, ама својот настап на оваа трка многу изгледно го заврши откако бизарно се повреди од – шампањското.

Првата победа на Еритреецот, ненавикнат на сите протоколи на главните трки, се повреди отворајќи го шампањското, па наместо шишето да го земе во рака и да го отвори, тој се наведна над него и потоа тапата која пукна го погоди во око.

„Има мало крварење, но не е ништо страшно. Но, останува под надзор и моментно се чувствува добро“, рекол Пиет Данелс, докторот на тимот во кој вози Гирмај.

Во тимот се надеваа дека Еритреецот ќе се врати на трките, но тој се откажа.

„Не можев да продолжам, морам да го одморам окото и да си ја вратам силата“, рекол Гирмај.

Според последните најави, сега сета концентрација му е на претстојната најпрестижна трка „Тур Д'Франс“.