Две велосипедистки паднале и се повредиле за време на трката на ЕМОФ во Куманово!

Две натпреварувачки – една малолетничка од Полска и 21-годишна девојка од Норвешка – се здобиле со телесни повреди при пристигнување на целта на велосипедската трка што вчера се одржа во Куманово, во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), информацијата потврдена од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според полицискиот извештај, падот се случил во завршницата од трката, по што двете повредени биле веднаш пренесени во Општата болница во Куманово. Лекарите таму констатирале дека се работи за полесни повреди.

„Двете девојчињабиле прегледани од лекари и им биле констатирани гребнатини по различни делови од телото. Лекарите ги прегледале, опсервирале, им направени дополнителни иследувања, снимања. Се работи за лесни повреди, по спроведената опсервација од лекарите, учесничките биле преземени од одговорните лица за младинки од Олимпискиот комитет“, изјави главниот медицински техничар Владимир Симоновски.

Организаторите на настанот ги презеле натпреварувачките откако им била укажана медицинска помош. Ова е втор инцидент во краток временски период поврзан со велосипедските настани на Игрите. Завчера, додека тренирале во близина на селото Зубовце, автомобил удрил во двајца малолетни велосипедисти од Исланд. И тие поминале со полесни повреди. Едниот од нив се здобил со гребнатини на рацете и нозете и по прегледот бил предаден на организаторите, додека другиот, кој имал и повреди на лицето, бил задржан во болницата во текот на ноќта. Следниот ден и тој бил отпуштен од здравствената установа.

Скршена вилица и зглоб на раката, пак, добил велосипедист од Литванија, кој настрадал на еден од тренизните пред почетокот на ЕМОФ.