Србите се „удавија“ на СП, Грција ги растури како никој во историјата!

Грција ја победи Србија со неверојатни 16-7 во натпреварот за бронзен медал на Светското првенство во ватерполо.

Актуелниот олимписки шампион, репрезентацијата на Србија доживеа дебакл каков ретко кога им се случил во нивната историја. Загубија со дури девет разлика од Грција.

Мечот почна изедначено, по првата четвртина беше 2-2, но во вториот период од мечот се случи вистински потоп на Србите. Грците ја добија четвртината со 6-0 и на одморот заминаа со 8-2.

До крајот на мечот само ја зголемија предноста за конечен резултат од 16-7.

Подоцна во финалето за златниот медал ќе се борат Унгарија и Шпанија.