Шпанија го освои Дејвис-купот: Надал и Баутиста Агут доминантни против Канаѓаните

Репрезентацијата на Шпанија го освои Дејвис-купот, откако во големото финале славеше над Канада.

Првиот рекет во светот, Рафаел Надал, го доби клучниот натпревар против Денис Шаповалов со 6-3, 7-6, а претходно Роберто Баутиста Агут му донесе прв поен во финалниот меч против Канада, откако славеше над Феликс Ожен Алијасим во два сета (1-6, 6-3).

Баутиста Агур поради смртта на татко му пред три дена го напушти националниот тим, но реши да се врати и да помогне во големото финале, отворајќи со триумф над Алиасим. 

Надал во досегашните мечеви во Дејвис Купот има одлична статистика, што ја надополни на годинешното издание. Тој собра 29 победи и само еден пораз во сингл конкуренција, а импресивно е што поразот го доживеа во деби настапот на Дејвис купот во 2004 година. Ова издание покажа дека е вистински лидер на својата земја, освојувајќи го својот петти светски трофеј.