Шпанецот Карено Буста му ја зема бронзата на Ѓоковиќ па не престана да – плаче! (ВИДЕО)

Шпанецот Пабло Карено Буста му ја зема бронзата од ЛОИ во Токио на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, победувајќи го со 6-4, 6-7, 6-3, по што не можеше да ги скрие емоциите, па плачеше како мало дете и не можеше да се соземе.

Буста направи изненадување со освојувањето на бронзениот медал, а веднаш откако го зема последниот поен почна да плаче, а продолжи откако се поздрави со Ѓоковиќ на својата клупа.