Серена го опиша тенискиот ас: Федерер е како балерина

Полека се наближува завршницата на грен слем тунирот Вимблдон. Само две во женска и четворица во машка конкуренција останаа меѓу најдобрите, а Америкнаката Серена Вилијамс и Швајцарецот Роже Федерер се најискусните во оваа фаза од натпреварувањето.

Американката сезонава ќе се обиде по седми пат да дојде до титулата на тунирот во Лондон, додека за Федерер тоа би било деветти трофеј на Вимблдон.

Иако и двајцата ја поминаа 35-тата година од животот, и понатаму се наоѓаат на врвот во светскиот тенис.

Искрено, ме шокира колку е продуктивен. На секој меч прави по нешто невозможно. Се чудам на брзината на неговите раце, колку е добар атлета и грациозен. Како балерина е, но со моќ во себе. Неверојатен е кога го гледам, изјави Серена.

Федерер во полуфиналето ќе ги одмери силите против Шпанецот Рафаел Надал, додека Серена си закажа финале против Симона Халеп.